24.8 C
Skopje
Wednesday, July 28, 2021

Актерот ја одбил улогата во „Аватар“ и изгубил 250 милиони долари

Најчитани вести

Оскаровецто Мет Дејмон (48) откри дека ја одбил улогата на Џејк Сули во мегахитот од Џејмс Камерон во 2009 година, „Аватар“ и жали што не работел со познатиот режисер. Не само што го пропуштил тоа уникатно искуство, тој изгубил огромен потенцијален профит.

– Џим Камерон ми ја понуди улогата во „Аватар“ – изјавил Дејмон за британскиот магазин „Џи Кју“.

– И кога ми ја понуди, тој ми рече: „Сега слушај ме. Не ми треба никој. Не ми треба име за ова, голема sвезда. Ако го пропуштиш ова, ќе најдам непознат актер и ќе му ја дадам затоа што навистина не ти треба филмот. Но ако ја прифатиш улогата, ќе ти дадам 10 отсто од заработувачката на филмот“.

– Му ја кажав на Џон Красински оваа приказна како што ја работевме „Ветената земја“… Тој ми рече: „Ако ја прифатиш оваа улога, ништо во животот не би било поинаку. Ништо не би било воопшто различно. Освен што сега ќе го правевме овој разговор во вселената“ – рекол Дејмон. „Па, да, пропуштив повеќе пари отколку што навистина заработија повеќето актери“.

Магазинот „Џи Кју“ пресметал дека Дејмон ќе бил побогат за повеќе од четвртина милијарда долари, со оглед на тоа дека „Аватар“ заработи 2,79 милијарди долари. Тоа беше најпрофитабилниот филм на сите времиња, сè додека „Авенџерс“ ова лето го симна од тронот./kurir.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести