12.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

Актерот Петар Петковски номинаран за ѕвезда во пондем на Сараевскиот филмски фестивал

Најчитани вести

Македонскиот актер Петар Петковски, кој ја толкуваше улогата на Бојан во серијата „Фамилијата Марковски“ е номиниран за наградата „Срце на Сараево“ во категоријата „Ѕвезда во подем“ на Сараевскиот филмски фестивал што ќе се одржи од 13 до 21 август.

Освен Петар, за оваа награда се номинирани и Александар Димитријевиќ за серијата „Клан”, Ивана Зечевиќ за „Група”, Јана Бјелица за „Фамилија” и Каја Шишмановиќ за „Црно-бел свет”.

Сараевскиот филмски фестивал, што оваа година ќе се одржи 27. пат, првпат воведува награди за ТВ серии за да ги промовира најдобрите регионални серии и нивните автори и актери. Шеснаесет ТВ-серии од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Словенија, кои биле премиерно прикажани од 01.09.2019 до 31.05.2021 година, се номинирани за наградите „Срца на Сараево” што ќе се доделат во шест категории: Најдобра драмска серија, Најдобра комедија, Најдобар креатор на серија, Најдобар актер, Најдобра актерка и Sвезда во подем.

„Фамилијата Марковски” е единствената серија со номинација од Македонија. Серијата се емитуваше во текот на 2017 и 2019 година и предизвика големо внимание особено кај младата публика, поради ликот на Бојан Марковски. За Петар, кој тогаш имаше 15 години, ова беше прво искуство пред камера.

Проектот „Фамилијата Марковски” е во продукција на „Арт проект лаб”. Режисер на серијата е Даријан Пејовски, а останатите главни улоги покрај Петар Петковски, ги толкуваа Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Силвија Стојановска и Александар Микиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com