2 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

Актерот од популарната серија „Ѕвездени патеки“ почина на 50 години

Најчитани вести

Арон Ајзенберг, актер кој во серијата „Ѕвездени патеки“ го играше Ференги Ног почина на 50 години. Неговата сопсруга Мелиса Лонго тажната вест ја објави на својот Фејсбук профил.

-Со голема тага објавувам дека мојата љубов и најдобар пријател Арон Ајзенберг почина. Беше чувствителен, духовит и грижлив. Додека нашиот брак на хартија беше краток, нашите срце беа заедно подолго време. Благодарна сум за времето што го поминавме заедно, напиша Мелиса, со која актерот тајно се ожени пред неколку месеци.

Иако се уште не се знае причината за смртта, познато е дека Арон со години имал проблеми со здравјето. Во интервју пред 4 години рече дека е роден само со еден бубрег, кој исто така не бил во полна функција. На прва трансплантација отишол на свои 17 години, а потоа повторно имал операција во 2015 година.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести