4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Актерот е на прагот на 7-та деценија, но сè уште изгледа неверојатно: Миленикот на жените фотографиран на снимањето на новиот филм

Најчитани вести

Холивудскиот актер и миленик на жените, Бред Пит, бил фотографиран за време на снимањето на новиот филм „Babylon“, а врз основа на кадрите кои ги „уловиле“ папараците, тој изгледа подобро од било кога.

57-годишниот Пит носел одело, а залижаната коса и мустаќите одлично му прилегале. Актерот бил расположен и се чини дека добро се забавувал, без разлика што бил фотографиран од страна на папараци.

Подоцна се појавил во филмски костим кој вклучувал бела кошула и елек со лептир машна, кои му дале дополнителна доза на шарм.

Филмот кој Бред Пит го снима е дело на режисерот Демијан Шазел кој работеше и на хитот „La La Land“, а освен Бред Пит, во филмот се појавува и Марго Роби. Според „The Hollywood Reporter“, приказната е сместена во златното доба на Холивуд, односно кон крајот на 1920-тите години со фокус на немиот филм.

Други значајни актерски имиња во филмот се Самара Вивинг, Оливија Вајлд, Џин Смарт, Тоби Мекгваер, Макс Мингелa, Кетрин Вотерсон, Лукас Хас, Клои Фајнман, Џеф Гарлин и Спајк Џонз.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com