21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

АКТЕРКАТА ПОВТОРНО УЧИ ДА ОДИ, СО ВИДЕО ОД БОЛНИЦАТА, ГИ РАСТАЖИ СИТЕ: „Почнувам да се опоравувам, мора да продолжам НАПРЕД!“

Најчитани вести

Актерката Брук Шилдс на својот Instagram објави дека ја скршила бутната коска, па откри како се чувствува.

Заедно со видеото, на кое се гледа како едвај чекори со штаки во болницата, таа напиша дека се опоравува, сепак не откри како се случила незгодата. Актерката сега скоро треба да научи да оди повторно, но позитивната енергија не ја напуштила.

– Ја скршив бутната коска. Почнувам да се опоравувам. Без оглед на предизвикот со кој се соочувате, одберете нешто позитивно за себе и продолжете напред – напишала Брук под видеото, каде може да се види како оди со големи тешкотии Бројни следбеници ѝ испратија пораки за поддршка, сфаќајќи дека минува низ тежок период, бидејќи се соочува со долго закрепнување.

Познатата актерка има 55 години и досега ги информираше своите следбеници за сè на својот Instagram профил, објавувајќи фотографии на кои е фотографирана во дневно издание, сосема природна, а нејзините обожаватели често ја фалат дека е згодна.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести