Американската актерка Ева Мендез неодамна на својот профил на “Instagram” објавила видео кое во кратко време станало вирално и предизвикало бурна расправа на социјалните мрежи. Имено, познатата актерка и партнерка на Рајан Гослинг објавила видео на кое одмавнува со главата и рацете во знак на неодобрување, а се однесува на забраната за користење на интернет и социјални мрежи за нејзините деца.
„Кои моите деца ме прашуваат дали се доволно возрасни да користат интернет, социјални мрежи или било што друго што бара “Wi-Fi”“, напишала ви описот на објавата која ја ги поделиле мислењата на родителите. И додека едни се согласиле со неа, тврдејќи дека социјалните мрежи не се место за деца и тинејџери, други и кажале дека претерува.
„Колку и да се социјалните мрежи штетни, не можеме на своите деца засекогаш да им ги забрануваме. Сите ние ги користиме. Треба да им објасниме што смеат, а што не смеат да прават на нив, тоа е многу подобра опција бидејќи порано или подоцна ќе ги имаат“, напишала една мајка.
„Живееме во доба на интернет па на крајот сите деца треба да пристапат на интернет, за жал“, порачал друг коментатор, а актерката подготвено му одговорила.
„Да, тоа е вистина, но во нашата куќа децата немаат пристап до интернет. Премногу е опасно. Исто како што на децата не им е дозволено да пијат, да гласаат или да добијат возачка дозвола, така за мене интернетот влегува во таа категорија. Посебно социјалните мрежи“, додала Мендез која со 42-годишниот Рајан Гослинг има две ќерки, осумгодишната Есмералда Амада и седумгодишната Амада Ли.