Познатата британска актерка Ема Вотсон се повлекува од светот на глумата, пренесуваат странските медиуми. Ѕвездата од филмовите за Хари Потер веќе некое време не прифаќа понуди за улоги, а до јануари 2021 година помина извесно време на Ибица, Шпанија, со својот вереник Лео Робинтон.
Сепак, таа сега се врати во Америка, но сè уште живее целосно затскриено и е изолирана од филмската индустрија во која помина толку години. Како што изјави нејзиниот портпарол, „кариерата на Ема Вотсон во моментов е замрзната“, но тој не ја прецизираше причината.
Факт е дека Ема уште минатата година се пожали дека жали поради тоа што животот не е целосен на возраст од 30 години, бидејќи нема дом, семејство, деца… и дека прави понатамошни планови за живот.
Покрај франшизата од милијарда долари како што е „Хари Потер“, Ема глумеше и во филмовите „Убавицата и Beверот“ и „Мали жени“. Таа е исто така многу успешна во моделингот – таа е заштитно лице е на познати модни куќи.