Во последните неколку години, забележителен е растот на популарноста на сериите низ светот. Тие денеска заработуваат толку многу пари што се рамо до рамо со најдобрите светски филмови. Кога за најпознатите холивудски имиња е престиж да бидат дел од некое големо филмско остварување, денеска истото важи и за сериите.
Голем број од актерите повеќе се одлучуваат да глумат во серија, бидејќи како што кажавме популарноста е огромна, а заработката исто така. Еве кои актери заработуваат по 1 милион долари од само една епизода во сериите.
На оваа листа се најде познатиот комичар Стив Карел кој ќе заработува 1 милион долари по епизода во серијата “Space Force” (Netflix) која сеуште се очекува да излезе.
Потоа следува и актерот Џеф Бриџес кој во серијата “The Old Man” (FX/Hulu) ќе заработуав исто така 1 милион долари по епизода.
Како лидер на оваа листа е легендарниот Харисон Форд кој во серијата “The Staircase” ќе заработува 1,2 милиони долари по епизода.