17.8 C
Skopje
Sunday, March 26, 2023

Ако сте на диета, јадете пченка!

Најчитани вести

Ако и вие како и повеќето луѓе мислите дека пченката има премногу калории, не сте во право. Една пченка има просечно од 80 до 100 калории. Содржи незаситени маснотии кои се сметаа за добри и го одржувааат здравото ниво на холестерол во крвта, ги смируваат воспаленијата и го чуваат здравјето на срцето. Бројни истражувања покажуваат дека пченката е одличен заштитник  на срцето заради големите количини витамини Б, фолна киселина, бета каротен, витамин Ц, фосфор, калиум, магнезиум, антиоксиданти, лутеин и зеаксантин

Иако многумина сметаат дека е обична достапна намирница која расте на поле, всушност е единствена намирница полна со активни соединенија кои се нарекуваат фитонутриенти за кои е докажано дека го штитат здравјето на организмот со антиоксидативните вредности.

Пченката е полна и со влакна кои се благодет за варењето. Освен што ќе ви помогнат да ја одржите линијата, влакната спречуваат запек, појава на хемороиди и наводно го намалуваат ризикот од рак на дебело црево.

Најнови вести