9.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Ако се точни зборовите на Гвардиола од 2014 година, Ливерпул е веќе шампион

Најчитани вести

Манчестер Сити во неделата неочекувано загуби од Вулверхемптон на домашен терен со 0-2 и му дозволи на Ливерпул да избега на дури осум бода предност по само осум кола од Премиер лигата.

„Црвените“ веќе 30 години чекаат шампионска титула, а ако им се верува на зборовите на Пеп Гвардиола од 2014, изгледа на тоа чекање дојде крајот. Во книгата „Доверливо“, шпанскиот стручњак има една мисла која според него е есенцијална во фудбалот.

„Титулите во првенствата се освојуваат во последните осум, а се губат во првите осум кола“, зборува Гвардиола.

Со ова тој повеќе мисли дека Манчестер Сити веќе ја загубил титулата, но освен англискиот шампион, нема друга екипа која може да го загрози тимот од Енфилд. Интересно е тоа што и минатата сезона Ливерпул имаше висока предност, седум разлика во февруари, а сепак не ја освои титулата. Сега уште е октомври, но дури и Пеп не верува во ново чудо на неговиот тим, особено ако се знае дека „црвените“ се во серија од 17 победи во Премиер лигата, сметајќи ја и минатата сезона, а не се совладани од 3 јануари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com