16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Ако се гласа за отворени листи, граѓаните ќе имаат избор да гласаат за личност

Најчитани вести

Од: Габриела Илиевска

Поодговорни политичари и демократизација на политичките партии ќе имаме само ако пред гласачите стои избор со отворени листи! Локалните избори што следат се добра можност тоа да го постигнеме.

Како независен советник со повеќегодишно искуство, точно знам како е да се биде избран за советник во градот каде што живееш, како е да се носат одлуки, самостојно, без партиски наметнати решенија и притоа – колкава е личната одговорност!

Со таквиот модел и граѓаните и избраните личности ќе имаат поголеми и барања и обврски. Ако се гласа за отворени листи, граѓаните ќе имаат избор да гласаат за личност, а избраните ќе имаат лична обврска да ги исполнат ветувањата кои ги дале. Поголемата демократија носи и поголеми обврски, а најважно – поголем квалитет во ангажманот на избраните советници

https://www.facebook.com/gabriela.ilievska/posts/10224985787061332

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести