-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Ако Русите продолжат да нѐ напаѓаат, ќе им одговориме, рече шефот на американската дипломатија

Најчитани вести

Соединетите држави се надеваат на стабилни и профитабилни односи со Русија, но ако таа продолжи да напаѓа, тогаш Вашингтон ќе одговори, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за римскиот дневен весник Ла република.

„Ако продолжи Русија да нè напаѓа, да дејствува против нас преку напади како СоларВинд и да се меша во нашите избори или да изврши агресија против Навални, тогаш ние ќе одговориме“, рече Бликен, осврнувајќи се на сајбер-нападите врз американски компании и улогата на притворениот критичар на Кремљ Алексеј Навални.

Кина е најкомплицирана кога станува збор за односите, рече американскиот државен секретар, но додаде дека САД нема да побараат ниту една нација да избира помеѓу двете земји.

„Сепак, вистина е дека во односите со Кина, без разлика дали сме противник, ривал или партнер, сме многу поефикасни ако дејствуваме заедно“, додаде Блинкен. Тој е на еднонеделна турнеја, во чии рамки ги посети Берлин, Париз, Рим и Бари.

Вчера во Рим присуствуваше на состанок на глобалната коалиција од 80 држави што се борат против таканаречената Исламска држава, која се обидува да добие нови упоришта во Африка. Тој се сретна и со папата Франциско во Ватикан.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com