21.8 C
Skopje
Tuesday, June 22, 2021

АКО ПОСТОЈАНО СТЕ НА ВАШИОТ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН, ЌЕ СТАНЕТЕ ПОГЛУПАВИ: Научниците откриле како точно тоа влијае на нашиот мозок!

Најчитани вести

наследство од современиот живот, но лошо влијае на меморијата и концентрацијата!

Многумина од нас ја користат секоја можност да со својот мобилен телефон овековечат некој момент што го сметаме за убав, важен или посебен.

Без разлика дали станува збор за храна, некоја глетка од природата или „бесконечните“ селфија, скоро секој мора да признае дека кликањето на камерата од мобилниот телефон е дел од нашето секојдневие.

Научниците велат – тоа нè затапува!

Студија спроведена во Америка на 525 учесници покажа дека честото фотографирање негативно влијае на меморијата и концентрацијата. Научниците утврдиле дека кога сликаме, а тоа е се почесто, повеќе се насочуваме на тоа како ќе изгледа самата слика, отколку на она што е пред нас.

Истражувачите во Њујорк на испитаниците им покажале уметнички фотографии, слики и цртежи и ги поделиле во две групи. Некои ги фотографирале, а други само погледнале наоколу. Се покажало дека оние што гледале без да фотографираат, можат многу подобро да ги запомнат сите детали што ги виделе.

Испитаниците кои ги фотографирале уметничките дела помалку се сеќавале на нив. Сепак, научниците велат дека можната причина за тоа лежи во фактот дека мозокот е принуден да извршува истовремено две функции – гледање и „стартување“ на механизмот за фотографирање.

Човечкиот мозок врши два вида на категоризација. Перцептивниот предмет што го набудуваме е категоризиран според неговиот изглед и детали, споредувајќи го со слични предмети, додека идејното „се сеќава“ што прави тој и за што служи.

По испитувањето, испитаниците требало да решат два теста засновани врз овие две категоризации оние што фотографирале имале полоши резултати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести