17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Ако Петков направи нешто на своја рака во врска со Скопје, нема да биде повеќе премиер, велат неговите коалициони партнери

Најчитани вести

Во коалицискиот договор јасно е договорено кои услови Македонија треба да ги исполни за да продолжи процесот на пристапување. Ако Кирил Петков го смени ставот за ветото за Скопје, можеби нема да биде веќе премиер, изјави Георги Свиленски од Бугарската социјалистичка партија (БСП), партија која е дел од владината коалиција.

Доколку премиерот одлучи да направи нешто на своја рака, јасно е каков е исходот. Едноставно тој повторно нема да биде премиер. Нашиот став е конзистентен – Република Македонија може да го продолжи својот пат кон Европската Унија по исполнувањето на договорот и декларацијата од Народното собрание, изјави Свиленски и додаде дека е тоа црвената линија од која нема отстапување.

„Тоа е црвената линија за сите бугарски граѓани. Општеството на оваа тема е обединето. Над 80 отсто од бугарските граѓани го поддржуваат ставот и на БСП и на коалициската влада, а поддржан е и од голем дел од опозицијата“, додаде тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com