13.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Ако имате акни, овие видови храна мора да престанете да ги јадете

Најчитани вести

Ако имате проблематична кожа, а не сте во пубертет, тоа значи дека или имате одреден здравствен проблем или пак, неправилно се храните.

Ова е список на намирници кои треба да ги избегнувате, за да не настане воспалителен процес и да се создадат акни:

Рафинирани јаглехидрати – тестенини од бело брашно, ориз, печива, шеќер, газирани сокови и вештачки засладувачи.

Млечни производи – содржат аминокиселини кои предизвикуваат развој на акни.

Брза храна – хамбургери, милкшејк, газирани сокови, помфрит, кои содржат масти.

Омега 6 масни киселини – тука спаѓаат маслата од пченка и соја.

Чоколади, сурутка во прав, сувомесни производи, сите треба да се избегнуваат кога имате проблем со акните.

Од друга страна, ова е храна која ги намалува воспалителните процеси: омега 3 масни киселини, пробиотици, зелен чај, куркума, храна богата со витамини А, Д, Е и цинк или пак, режими на исхрана како што се палео или медитеранска диета.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com