33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Ако го имате овој баркод скенер, веднаш избришете го!

Најчитани вести

Ако забележувате дека вашиот Androod телефон работи побавно во последно време, можеби причина за тоа е некоја апликација што сте ја преземале.

Злонамерните апликации постојано се обидуваат да ја загрозат безбедноста на корисникот, а најновата е Barcode Scanner, објавена од Lavabird LTD. Според порталот MalwareBytes, токму оваа апликација им зададе главоболки на многу луѓе по последното ажурирање.

Првите проблеми почнаа кога корисниците објавија дека Barcode Scanner (кој има повеќе од 10 милиони преземања) самиот отвора реклами во веб-прелистувачот.

Иако на многумина тоа прво би им паднало на ум, ова не е уште еден пример за агресивно рекламирање, туку додаден малициозен код, и тоа при ажурирањто, поради што е уште подобро скриен.

Иако Barcode Scanner е отстранет од Google Play Store, и натаму постои можност да се наоѓа во вашиот телефон. Ако е тоа случај, тогаш треба да го избришете. Покрај оваа апликација, паметно е да ги избришете и сите останати што не ги користите толку често, бидејќи кога ќе се ажурираат, може да се појават истите проблеми.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести