По изречените пресуди за случајот „Монструм“ обвинителката Фатиме Фетаи од Судот побара да им одреди мерка притвор за сите четворица осудени од Кривичниот суд. Таква мерка предложи и за Фејзи Азири, со оглед на тоа што тој е во затвор за друго дело и ги користи затворските услови за излез и според Фетаи може да избега.
Обвинетиот Фејзи Азири, пред судот, ги повика јавниот обивнител Љубомир Јовески, и јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска да го посетат во затворот во „Шуто Оризари“ да им предложи докази за нарачателите на убиството, за организаторите на убиството во овој предмет и за помагачите, со име и презиме и со прецизни докази.
– Доколку во рок од десет дена не ме повика во ЈО или не ме посети да го пријавам случајот, ќе ги дадам доказите на јавноста, на странските амбасади и на меѓународната заедница, за да се утврди точно кој е нарачател и извршител на убиството – рече Азири.