Home » Азири: „Во Министерството на Груби со буџетски пари прават лажни вести за рејтинзите, за да манипулираат со јавноста“

Азири: „Во Министерството на Груби со буџетски пари прават лажни вести за рејтинзите, за да манипулираат со јавноста“

by Журнал.мк

„Коментирајќи ја анкетата за класификацијата на политичките партии, според нивниот рејтинг, која што беше објавена вчера, а која потоа беше и демантирана, пратеникот на Алијансата за Албанците Елми Азири денес изјави дека изворот на манипулативната вест се наоѓа во Министерството за политички систем.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“ во информацијата со наслов „Азири: ‘Изворот на лажните анкети и вести е во Министерството за политички систем“.

„Лајм“ ја пренесува изјавата на пратеникот Азири од денешната прес-конференција: „Јавноста е информирана дека во канцелариите на Министерството за политички систем, се чини, има голем тим, кој се занимава со агенди на односите со јавноста. Тој тим е во функција на манипулирање со јавноста и на пласирање лажни информации во јавноста. Фактот што вчера таа анкета за рејтингот на партиите беше демантирана од првиот човек на таа институција, е најдобар доказ дека овие владини функционери се склони да трошат буџетски пари, за да создадат лажно мислење и за да ја манипулираат јавноста со лажни рејтинзи.’ – рече меѓу другото Азири.“

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk