14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Азески на средба со еврокомесарот Вархеји

Најчитани вести

Копретседателот на Коморскиот инвестициски форум и претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески заедно со Европскиот комесар за добрососедска политика и проширување Оливер Вархеји денес ќе учествуваат на форумот на кој официјално ќе се конституира „Бизнис платформата ЗБ6-ЕУ“, кој ги обединува претставниците на бизнис заедницата од регионот и Европската комисија.

„Платформата ЗБ6-ЕУ“ ја сочинуваат членовите на Бизнис советот на Коморскиот инвестициски форум, советодавно тело на КИФ кое го сочинуваат 16 водечки компании од регионот, членовите на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум, како и претставници од Европската Унија, со кои на редовна основа ќе се дискутира за предизвиците и можностите за бизнис-заедницата од регионот, и ќе се овозможи олеснување на дијалогот помеѓу европските институции и бизнисите од регионот, во насока на креирање на повеќе можности за трговија, инвестиции и други форми на деловна соработка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести