-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Азески и Свилановиќ ќе се сретнат со Османи, се бара побрзо решавање на проблемнот со трговските марки со Грција

Најчитани вести

Интензивирање на активностите на бизнис комитетот за трговски марки, формиран согласно Преспанскиот договор со Грција помеѓу бизнис заедниците од двете земји како и можностите за развивање на регионалната соработка се темите за кои денеска со министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе разговараат ко-прeтседателот на Управниот одбор на Коморскиот инвестициски форум со седиште во Трст и претседател на Стопанската комора Бранко Азески и Горан Свилановиќ, советник на претседателот на Комората за регионални прашања.

Како што соопшти Стоанската комора, на тој начин Свилановиќ, како советник на претседателот Азески, ќе даде придонес во потенцирање на можностите и потребата од продлабочување на регионалната соработка преку механизмите и институциите кои се активни по повеќе основи, формирани со поддршка на ЕУ во текот на изминатата деценија.

Оттаму додаваат дека со поддршка на ЕУ, формирани се организации кои го поддржуваат пренесувањето на европските правила за водење бизнис во нашите земји. Тоа се Енергетската заедница, ЦЕФТА, Регионален совет за соработка (РЦЦ), Транспортна заедница и Регионалната академија за јавна администрација. Стопанските комори од Западен Балкан, од своја страна, ја поврзаа деловната заедница преку Коморскиот инвестициски форум (КИФ), како оригинална регионална иницијатива која е автентичен глас на деловната заедница која сака да ги искористи сите потенцијали на регионалниот балкански пазар кој работи по европски правила.

Имено, Унијата инвестираше огромни суми пари во организациска инфраструктура што треба да помогне во зајакнување на економската соработка меѓу земјите од регионот, да се зајакне регионалниот пазар на Западен Балкан и економската соработка на целокупниот бизнис од Балканот со европските бизниси како дел од процесот на пристапување на нашите земји во Европската Унија.

Средбата на Азески и Свилановиќ со Османи се реализира и во пресрет на уште две регионално-меѓународни деловни активности. Наредната средба на Отворен Балкан која ќе се одржи на почетокот на ноември во Белград и средбата во Будимпешта меѓу Коморите на Западен Балкан и на Вишеградската група.

На работната средба во министерството за надворешни работи ќе стане збор и за интензивирање на активностите на бизнис комитетот за трговски марки, формиран согласно Преспанскиот договор со Грција помеѓу бизнис заедниците од двете земји.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com