20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Азар: Семејството ми дава целосна поддршка да ги надминам повредите

Најчитани вести

Играчот за врска на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Еден Азар, кој по преселбата од англискиот Челзи во Шпанија често се повредува, рече дека семејството е со него во периодот на закрепнување.

– Имам среќа што кога ќе се повредам, не сум сам. Моето семејство се обидува да ми помогне да го надминам ова. Ова не е крај на светот бидејќи можам да го поминувам времето со моето семејство и децата. Да бев сам, ќе ми беше тешко. Постојат многу работи што можете да ги направите за време на повредата. Се разбира, можете да тренирате за да закрепнете побрзо, но за некои е потребно долго време. Треба да сум трпелив, да работам напорно и да напредувам, го цитира „On The Front Foot” Азар.

На 2 февруари беше објавено дека Белгиецот го пропуштил тренингот на Реал Мадрид поради непријатност. Следниот ден тој започнал да тренира, но бил повреден.

Во сезоната 2020/21, Азар одигра 13 натпревари за Реал Мадрид, постигна три гола. Триесетгодишниот Белгиец пропушти поголем дел од оваа сезона поради повреда.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести