Еден Азар, кој летово го напушти Челси и го облече дресот на Реал Мадрид, верува дека пред шпанската екипа е врвна сезона, иако имаа тежок старт.
„Кралевите“ победија во само три од првите шест меча сезонава, но славеа против Севилја на гости со 1-0 и така го тргнаа почетниот притисок од себе.
Со 11 бода од пет кола, Реал го дели првото место на табелата со Атлетик Билбао.
„Кога играш за Реал Мадрид, мораш да победиш во секој меч, тоа е така – затоа е најголем клуб во светот, зашто секогаш постои притисок. Имаме квалитетен тим, но очекуваме врвна сезона и покрај лошиот старт“, порача Азар.