Home » Азар одби да игра заедно со Меси, но може пак да заврши во МЛС лигата

Азар одби да игра заедно со Меси, но може пак да заврши во МЛС лигата

by Lina Muslija

Еден Азар „раскина“ со Реал Мадри по крајот на минатата сезона и сега како слободен играч може да ја избере средината во која ќе настапува.

Тој според информациите имаше можност да се пресели во Интер Мајами и да игра заедно со Лионел Меси, но тој ја одбил понудата затоа што сакал да остане во Европа.

Меѓутоа нема посакуван интерес за него на стариот континент и мора да размислува за други опции, па според „АС“ како можна негова следна дестинација е Ванкувер Вајткап. Наводно овој клуб е заинтересиран за него и сака да го види во своите редови и сега е на Белгиецот да одлучи дали ќе каже „ДА“ за преселбата во МЛС.

Краен рок за преселба во оваа средина е 2 септември, а како некои други решенија се споменуваат Саудиска Арабија и Бразил.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More