4 C
Skopje
Tuesday, March 9, 2021

Азар: Не сум изненаден од Лампард и Челзи

Најчитани вести

Ѕвездата на Реал Мадрид, Еден Азар, го пофали Френк Лампард за неговата работа во Челзи и рече дека се надева дека неговиот поранешен соиграч ќе стане еден од најдобрите менаџери во светот.

Белгиецот слета на „Сантијаго Бернабеу“ токму од Лондон, само еден месец пред Лампард да го преземе кормилото на тимот.

– Не сум изненаден од влијанието на Лампард. Го познавам како играч, не како тренер, но тој е одличен човек. Поминаа 4 месеци, а тој веќе се покажа дека може да биде еден од најдобрите ментори. Убаво е што тие играат со млади англиски момци. Добро е и за Англија и за Челзи. Тие имаат среќа што имаат вакви млади играчи со слични квалитети. Можеби со уште двајца или тројца играчи и тие ќе се борат за првото место. Кога ги гледам како играат, беше пријатно. Јас сè уште имам пријатели таму, сè уште ги следам. Јас сум многу среќен за нив, изјави Азар.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести