7.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Адора го купи имотот на Топлификација за 9,3 милиони евра

Најчитани вести

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација за 9,3 милиони евра ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД во рамки на стечајна постапка.

„Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. Важен позитивен аспект од оваа зделка што ја одлучи судбината на досегашниот загубар Топлификација АД, е што регулираниот бизнис со производството на топлинската енергија ќе биде во рацете на сигурна компанија со целосно домашен капитал и менаџмент, за што деловната политика на Адора заслужува поздравување“, велат од компанијата.

Во однос на оваа зделка, се огласи и Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора, кој изјави дека во сите деловни активности работат според сите последни глобални методи, трендови и стандарди.

– После студиозна физибилити студија сработена од врни домашни експерти од полето на енергетиката и повеќегодишни длабоки обсервации и согледувања на приликите во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија се одлучивме на овој храбар потег во времиња исполнети со огромна неизвесност и предизвици. Цената на природниот гас, кој што е главен влезен параметар во работењето секојдневно руши нови рекорди, а регулираниот одреден принос на капитал од работењето е на историски најниско ниво. Меѓутоа, во Адора, имаме афинитет на прифаќање на деловни предизвици и донесовме одлука дека овој бизнис од државно значење заслужува да биде во рацете на домашна компанија – рече Чифлиганец.

Тој додава дека Адора поседува исклучително квалитетен кадар од областа на топлинската енергија и енергетика генерално.

-Во соработка со домашната стручна фела, имаме јасна визија како да го поставиме работењето на правилен начини и да го оптимизраме и модернизираме процесот на производство во согласност со сите последни технологии. Постојат многу сфери во работењето на кои што ќе треба да се посвети интезивно внимание, труд и работа со цел да се изнајде економска оправданост, меѓутоа, во Адора веруваме дека со поддршка од успешно потврдената Регулаторна Комисија за Енергетика, од досегашниот, за жал загубар Топлификација АД, ќе изградиме успешна домашна приказна во бизнисот со топлинската енергија – истакна Чифлиганец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com