Home » Администрацијата на јавните обвинителства штрајкува за повисоки плати

Администрацијата на јавните обвинителства штрајкува за повисоки плати

by Журнал.мк

Администрацијата на јавните обвинителства штрајкува за повисоки плати.

Бараат зголемување на месечните примања за 78 проценти и враќање на додатоците на плата во висина од 35 отсто.

Штрајкот, како што е објавено, ќе се спроведува во сите 28 обвинителства на територијата на државата и ќе трае се’ до исполнување на нивните барања. За време на штрајкот ќе се извршуваат единствено итни и неодложни работи.

Премиерот, Димитар Ковачевски, истакна дека вработените во јавните обвинителства се дел од правосудната фела, и делот на управување не е во надлежност на Владата. Во рамки на она што е можно со Буџетот, рече Ковачевски, Владата ќе излезе во пресрет на сите делови од управувањето со државата, со цел тие да имаат соодветни буџети.

„За распределувањето на буџетот, ако на некои обвинители им се зголемени платите, а на други не, тоа е одлука која се носи од правосудната власт, не се носи во делот на државата. Меѓутоа, 10 проценти зголемување на платите ќе има и дополнително 10.000 денари К-15“, рече Ковачевски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More