Американскиот Стејт Департмент ја одобри продажбата на воена опрема на Тајван вредна 2,2 милијарди долари. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Генег Шунаг ги повика САД да ја откажат продажбата. Кабинетот на тајванскиот претседател изрази благодарност до САД.
“Тајван ќе ги забрза инвестициите во одбраната и ќе продолжи да ги продлабочува безбедносните врски со САД и земјите со слични идеи”, изјави портпаролот на претседателот Чанг Тун-хан во изјавата.