9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Администрацијата во петок ќе работи само 4 часа?

Најчитани вести

Наместо 40 часа, администрацијата ќе работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок.

Ова е предвидено во новиот закон за административни службеници кој сега е во нацрт верзија, објавен е на ЕНЕР и истекува рокот за коментари. Законот го подготви Министерството за информатичко општество и администрација, а со членот 55 кој се однесува на работното време се предвидува дека полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон или колективен договор поинаку не е утврдено.

За неполно работно време на административците ќе се смета работното време кое е пократко од 36 часа неделно, пишува во законот кој беше ставен на ЕНЕР на 21 септември годинава и по коментарите треба да оди на усвојување.

Засега нема најави кога законот ќе се најде пред пратениците со оглед на пред изборната пауза на законодавниот дом.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com