23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

Адем Хоџа лидер на „Единствена горанска партија“од Гора положи свечена заклетва во косовскиот парламент

Најчитани вести

Пратеникот на партијата победничка на вонредните парламентарни избори во косово, Движењето Самоопределување (ВВ), Глаук Коњуфца е избран за претседател на новото косовско Собрание, на предлог на лидерот на неговата партија Албин Курти.

Во состав на косовскиот парламент, во десетте загарантирани пратенички места за немнозинските заедници, место обезбеди и партијата „Единствена горанска партија“ нејзин претставник во косовскиот парламент ќе биде дипломираниот инженер, Адем Хоџа, кој беше носител на листата.

Чест ми е што го претставувам областа Гора во косовскиот парламент, но во исто време е голема обврска која ќе се трудам максимално доследно да ја обавувам. Секако главна моја задача во име на сите е подобрување на положбата на горанската заедница, зачувување и активно промовирање на нашите културни вредности, обичаи и традиции, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Косово.

Првата седница на новиот собраниски состав заврши со кратко обраќање на новиот собраниски спикер Коњуфца, кој се заблагодари на изборот и посака успешна работа. По ова се очекува косовскиот претседател Хашим Тачи да му го додели мандатот за формирање на идната влада на Курти, како лидер на партијата победничка на изборите.

Во областа Гора, во падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести