Адеми- Цакај: Заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион

0

Напорите на Македонија и Албанија за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион беа во фокусот на разговорот меѓу министерот за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми и албанскиот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај на денешната средба во рамките на 40. Генерална конференција на УНЕСКО.

Министрите, како што информираат од владината Прес-служба, детално разговарале за чекорите кои се преземаат и ќе се остварат во насока на операционализација и спроведување на одлуките на надлежните централни и локални власти, како и препораките на УНЕСКО.

– Заштитата на Охридскиот регион, квалитетот на живот на граѓаните и владеењето на правото е приоритет на Владата на Република Северна Македонија, изјави министерот Адеми.

Од своја страна, министерот Цакај ја потврди посветеноста и подготвеноста на Владата на Албанија целосно да биде ангажирана во заедничкото управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Утре, во рамките на учеството во генералната дебата на 40. Генерална конференција на УНЕСКО, министерот Адеми ќе има свое обраќање.