0 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Адеми спремен за најважниот натпревар на Динамо во Милано!

Најчитани вести

Арјан Адеми има проблеми со повреда на стапалото, но капитенот на Динамо Загреб ќе собере сили да игра во важните натпревари на Аталанта во Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец се повреди минатиот месец против Словенија кога победивме со 2:1. Адеми сепак под блокади и инјекции успеа да игра против Шахтјор. Сега ќе стигне заби и ќе игра за Динамо во исклучително важниот натпревар против Аталанта во Милано. Тој натпревар може да биде одлучувачки за тоа дали Динамо на пролет ќе игра во нокаут фазата од најелитното европско натпреварување.

Тренерот Бјелица потврди дека Адеми нема да игра против Хајдук во првенството за да биде спремен за Аталанта.

„Против Хајдук Адеми нема да игра, ќе го чуваме за натпреварот со Аталанта. Нема потреба да ризикуваме, Адеми добро напредува и ќе започне со вистински тренинзи. Со четири-пет тренинзи ќе биде спремен за Аталанта и би можел да игра во Милано“, изјави Бјелица.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести