Home » Адеми се извини, но не смета дека е виновен за вчерашното дивеење во Собранието

Адеми се извини, но не смета дека е виновен за вчерашното дивеење во Собранието

by Журнал.мк

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми денеска изрази жалење за вчерашниот инцидент во Собранието, но не чувствува лична вина за насилството од него врз колегите пратеници. Тој во изјава за „Слободен печат“ рече дека во Собранието не треба да се повторуваат вакви немили сцени и целата вина за инцидентот ја насочи кон Антонијо Милошоски и опозициските пратеници.

Според Адеми, тој бил на работното место како претседавач на комисијата, а Милошоски и другите опозициски пратеници го исклучиле тонот на микрофонот и како што вели, го загрозиле неговото присуство на работното место.

Адеми директно го обвини Милошоски дека под дејство на влијанија од странски служби ја загрозува проевропската иднина на Македонија. Иако неколу пати беше прашан, Адеми не најде вина кај себе за вчерашниот инцидент.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More