-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Адеми: Северна Македонија е посветена на реализација на реформите

Најчитани вести

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Арбер Адеми, учествуваше на виртуелната Конференцијата на комисиите за европски прашања на земјите ЕУ членки-КОСАК, што се оддржува во Франција, во рамките на францското претседателство со ЕУ.

Адеми имаше свое излагање во рамките на Првиот панел посветен на „Приортетите на Француското претседавање со Унијата во периодот јануари – јуни 2022 година“ за што воведно излагање даде државниот секретар во Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Клемент Бене.

Поздравувајќи го француското претседателство Адеми, се осврна на минатата година, во која имаше позитивни обиди од страна на Португалското и Словенечкото претседателство и на Самитот во Брдо, за реализација на Одлуката на Советот за почеток на пристапните преговори од 25 март 2020 година, кои не резултираа со нашата стратешка цел, а тоа е почеток на пристапните преговори.

„Во контекст на нашиот актуелен билатерален спор со Бугарија, Северна Македонија е посветена на изнаоѓање на прифаливи решенија за надминување на овој спор со Бугарија, но и на реализација на реформите кои треба да обезбедат еднаквост и подобар живот на граѓаните, а истовремено значат и приближување до ЕУ. Притоа, посочи дека има нови моменти, односно двете земји имаат нови влади, во Бугарија веќе е избрана, а и ние од понеделник би требало да имаме нова Влада“, рече Адеми.

За француското претседавање со Унијата, Адеми истакна дека има позитивни сигнали кои доагаат од страна на ова претседателство, и дека Франција сака да го надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, и дека треба да се почитува временската рамка дадена од страна на Софија. Во тој контекст, рече дека добра вест е ако досието на Македонија, и со тоа на Албанија, бидат деблокирани и ако двете земји би ги отпочнале преговорите согласно новата методологија.

Во дискусијата по темата, посебно беше поздравено што високо во Агендата на приоритети е ставено и проширувањето со земјите од Западен Балкан и оддржувањето на посебна Конференција посветена на Западен Балкан во јуни годинава, а стана збор и за другите француски шестмесечни приоритети, и тоа, посуверена Европа, поголем економски раст, миграцијата и други.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com