-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Адеми: Свесни сме колку сме добри и тоа е најважно

Најчитани вести

Големиот борец Аријан Адеми е еден од клучните фудбалери на македонската репрезентација, тој смета дека по овој триумф на Македонија ќе и биде полесно на Европското првенство.

Македонија синоќа направи сензација, ја победи Германија и покажа дека може да се надигрува со најсилните селекции во светот. Победата доаѓа пред настапот на Европското првенство, а тоа е идеален момент за зголемување на самодовербата.

„Секако дека е голема победа за сите нас. Верувавме во тоа и на крајот тоа и го остваривме. Мислам дека заслужено победивме. Беше тешко, но навистина кога човек верува во нешто може и да го оствари тоа. Ние така и направивме, имаме одлична генерација и верувавме во победа и против Германија“, изјави Адеми.

„Најважно беше да им покажеме на сите, но и на самите себе, дека веруваме во себе дека можеме да победуваме и големи репрезентации и тоа сега го покажавме. Мислам дека сега ќе ни биде полесно против Австрија, Холандија и Украина, свесни сме колку сме добри и тоа е најважно“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com