Home » Адеми кажа зошто голот жестоко го прослави пред навивачите на Ријека (ВИДЕО)

Адеми кажа зошто голот жестоко го прослави пред навивачите на Ријека (ВИДЕО)

by Журнал.мк

Капитенот на Динамо Загреб голот го прослави многу жестокот пред „Армадата“, навивачите на Ријека. Тој го соблече дресот, го шутна корнер знаменцето и не се штедеше во прославата.

По мечот беше запрашан зошто одбра таков начин на прослава, а тој одговори:

„Тука атмосферата е страшна, секогаш наелектризирана и негативна. Тоа никогаш никаде не сум го доживеал. Секогаш има некои муабети“, објасни Адеми.

„Имавме проблем при влегувањето на стадионот. Ни дадоа ран гол, тоа не беше тоа што го сакавме. Знаевме дека се опасни во контра нападите, но на крајот ги кренавме нивото на игра и според мене заслужено победивме“.

„Многу ни значи оваа победа, се бориме за титулата, пред нас е уште тешка борба и многу дербија, секој бод е важен. На крај сакам да им се заблагодарам на сите навивачи, многу ни е полесно кога знаеме дека имаме поддршка“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More