Aдеми и Динамо Загреб не успеаа да се пласираат во нокаут фазата од Лигата на шампионите откако вчера беа поразени од Манчестер Сити со 1:4.
Динамо тргна добро, Олмо погоди за одство, а Сити изедначи со еден гол на Габриел Хесус кој крена многу прашина. Играчите на Манчестер Сити не ја исфрлија топката додека двајца играчи на Динамо лежеа на теренот и ја погодија мрежата. Адеми беше најжесток во протестите кај судијата и во оваа ситуација доби и жолт картон.
„Тешко е што испаднавме, но среќен сум што сум дел од еден ваков тим кој е составен од одлична група на луѓе. На почетокот игравме добро, не им остававме многу простори, но потоа примивме еден глупав гол додека двајца играчи ни лежеа на теренот. Штета е што не продолжуваме понатаму, но знаеме дека сите дадовме се од себе. Веројатно најмногу треба да жалиме за тие два бода против Шахтјор дома“, изјави Адеми.