11.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Адеми-Жбогар: ЕУ ги поддржува реформските процеси во образованието

Најчитани вести

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија Самуел Жбогар.

На средбата било разговарано за законските измени и образовни политики на Владата.

Адеми, информираат од неговиот кабинет, го запознал евроамбасадорот со измените на Законот за основното образование и Законот за натсавници и стручни соработници за политиките кои ги креира Министерството за образование и наука за периодот кој претстои, како и за приближување на македонскиот образовен систем кон системот на образование во Европската Унија.

Евроамбасадорот Жбогар, истакнал дека Унијата ги поддржува реформските процеси кои ги презема Владата на Република Северна Македонија во полето на образованието, напоменувајќи дека тие се вистински партнер на земјава во нејзините евроатлантски аспирации.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com