Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми повикува на внимателност пред пресметката со шампионот на Македонија, Шкупи.
Утре на „Максимир“ од 21 часот, Динамо Загреб ќе го пречека Шкупи во првиот меч во ова квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми смета дека Шкупи има квалитет и не смее да се потцени.
„Шкупи е добар тим, игра брз фудбал. Не ги знам сите играчи, но голманот ми е колега од репрезентацијата“, вели Адеми за медиумите во Хрватска.