-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Агуеро во Барселона?

Најчитани вести

Според пишувањата на АС, Жоан Лапорта има договор со Кун Агуеро но Аргентинецот нема да биде единствено засилување за нападот, претседателот на Барса не се откажува од Ерлинг Халанд.

Името на Кун Агуеро често е дел од трансфер шпекулациите а последните информации велат дека Жоан Лапорта има договор со Аргентинецот, кој треба да се обврзе кон Барса до 2023 година.

АС вели дека ништо не е потпишано бидејќи Жоан Лапорта се уште официјално не е претседател и Карлес Тускетс е тој кој раководи со клубот.

Весникот исто така додава дека Кун Агуеро нема да биде единственото засилување за нападот, Жоан Лапорта не се откажува од Ерлинг Халанд, кој треба да биде бомбата на Барса во летниот преоден рок.

Кун Агуеро ќе треба да ја има улогата која ја одигра Хенрик Ларсон во Барса од 2004-2006, да носи квалитет од клупата и да помогне кога тимот ќе се мачи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com