6 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Агентот на Лукаку: Интер сериозно работи на негов трансфер

Најчитани вести

Интер е сериозно заинтересиран за услугите на белгискиот напаѓач и „Нераѕурите“ прават се што е во нивна моќ да го доведат на „Џузепе Меаца“.

Антонио Конте има намера идната сезона во нападот на Интер да играат Един Џеко и Ромелу Лукаку, а напаѓачот на Јунајтед неодамна изјави дека би сакал да заигра во Серија А и дека тренерот на Интер е најдобриот тренер на светот.

Наводно Интер и Јунајтед се уште не можат да се договорат околу висината на обесштетувањето, а италијанскиот клуб се обидува да ја спушти цената поради тоа што самиот играч врши притисок да го напушти „Олд Трафорд“.

Италијанските медиуми шпекулираат дека од управата на Интер веќе постигнале усмен договор со Лукаку, кој би потпишал петгодишен договор и би заработувал 9 милиони евра по сезона. Деновиве, агентот на Лукаку потврди дека се работи на трансферот: „Интер сериозно работи на негов трансфер“.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести