Home » Агентот на Бејл за „бомбата“ на претседателот на Хетафе: Па јас дури и го немам неговиот телефонски број

Агентот на Бејл за „бомбата“ на претседателот на Хетафе: Па јас дури и го немам неговиот телефонски број

by Журнал.мк

Герет Бејл повеќе нема да го гледаме во дресот на Реал Мадрид, односно искусниот офанзивец сега ќе мора да отвори ново поглавје во кариерата и интересно ќе биде да се види каде ќе заврши со оглед на тоа што во последниве години не беше во прв, па ни во втор план кај „кралевите“ и тоа придонесе за пад во формата.

Вчера дојде шокантна вест од Шпанија дека Велшанецот може да остане во Мадрид, односно дека е понуден на Хетафе. Оваа вест која ја сподели претседателот на клубот Анхел Торес предизвика внимание, реакции со оглед на тоа што беше големо изненадување, меѓутоа по се изгледа тоа е далеку од вистината, некое недоразбирање затоа што во јавноста со кратка порака се огласи агентот на напаѓачот.

– Па јас дури и го немам неговиот телефонски број, – порачал Џошуа Барнет.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk