Косовското Министерство за инфраструктура и транспорт објави дека утре, 23 ноември, од 9 до 16 часот ќе биде затворен за сообраќај делот од автопатот „Арбен Џафери” кој го поврзува главниот град на Косово со границата со Македонија.
Автопатот на сегментот Коњух – Бабуш, меѓу Урошевац и Приштина, ќе се затвори поради поставување метална конструкција за надвозник за пешаци.
Во споменатиот период возилата ќе бидат пренасочувани на националниот пат Приштина – Генерал Јанковиќ.