Home » Автономен тест автомобил влетал во редовен сообраќај – едно лице загинало, не се знае што точно се случило

Автономен тест автомобил влетал во редовен сообраќај – едно лице загинало, не се знае што точно се случило

by Журнал.мк

Автономниот “BMW” фронтално удрил во комби “Mercedes-Benz”, што резултирало со смрт на 33-годишен патник во тоа возило.

Едно лице загинало, а девет се тешко повредени кога автономен тест автомобил влетал во редовен сообраќај и предизвикал верижен судир во кој учествувале четири возила, соопштила денеска германската полиција.

Портпаролот на полицијата во југозападниот град Ројтлинген во Германија рекол дека електричен “BMW iXes” со пет патници, меѓу кои и мало дете, излегол од својата патека на кривина и налетал на сообраќај, удирајќи во “Citroen”.

Автономниот “BMW” потоа фронтално удрил во комби “Mercedes-Benz”, што резултирало со смрт на 33-годишен патник во тој автомобил.

Во меѓувреме, 70-годишниот возач на “Citroen” ја изгубил контролата над својот автомобил и удрил во друго возило во кое имало две лица.

Портпаролот на полицијата во Ројтлинген Михаел Шал, рекол дека четири спасувачки хеликоптери биле вклучени во пружање на помош и дека повредените се префрлени во неколку болници во регионот.

Шал рекол дека полицијата се уште немала можност да разговара со учесниците во несреќата.

Како што рекол, не е јасно дали 43-годишниот возач зад воланот на “BMW” тест автомобилот активно управувал со возилото во моментот на судирот или тоа патувало самостојно.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk