21.8 C
Skopje
Friday, September 24, 2021

Автомобил удри во пешак во тетовско

Најчитани вести

Тетово, 5 август- Малолетник се здобил со тешки повреди откако бил удрен од автомобил „БМВ”. Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера во 11,30 часот во тетовското село Калник.

„Патничко моторно возило „БМВ” со италијански национални ознаки, управувано од Ј.А.(20) од с.Калник, удрило во малолетник од с.Боговиње-тетовско, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош“, велат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Тетово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com