12 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Автомобил на Елизабет Тејлор продаден за 520.000 долари

Најчитани вести

Автомобил во поранешна сопственост на актерката Елизабет Тејлор е продаден за 520 долари на аукција организирана од познатата аукциска куќа Guernsey.

Станува збор за автомобилот Rolls-Royce Silver Cloud II H.J. Mulliner Drophead Coupe произведен во 1960 година. Историјата на автомобилот кажува дека тој бил купен од страна на британскиот актер Ричард Бартон, а кога Елизабет Тејлор се разведе од Еди Фишер и стапи во брак со Бартон, Ричард се решил да и го подари.

Автомобилот има поминато само 65.410 km. Располага со 6.2 литарски V8 мотор со четири степен автоматски менувач.
Аукциската куќа се надеваше дека за овој автомобил ќе добие два милиони долари, но на крајот мораше да се адоволи за една четвртина од очекуваната сума.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести