Тетово, 19 декември- Автомобил го проби ѕидот на тетовската касарна рано утринава. Полицијата во моментов врши увид. Се работи за Волксваген караван, со тетовски регистарски таблички, пренесе „Вечер“.
Дали станува збор за алкохолизиран возач кој се занел или пак можеби на возачот му се слошило, засега нема информации. Но, бидејќи станува збор за Тетово, не се исклучува можноста и намерно да се забил во ѕид.