-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Автомобилски трки низ патиштата – 15 возачи возеле со над 70 километри побрзо од дозволената брзина

Најчитани вести

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција со радар регистрирала 15 возачи кои возеле со брзина поголема од над 70 километри на час од дозволената, а дури 75 возачи волезе со над 50 километри на час побрзо од максимално пропишаната со сообраќајните знаци.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција им напиша казни на 566 возачи кои возеле побрзо од дозволената брзина.

Од нив 75 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 284 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 282 надвор од населено место, информира Министерството за внатрешни работи.

Казни за брзо возење им се напишани на 67 возачи во Скопје кои не ја прилагодиле брзината според сообраќајните знаци.

Во Скопје се казнети и 13 лица кои возеле без возачка дозвола, пет затоа што управувале неисправни и нерегистрирани возила, а четири возачи се казнети затоа што зборувале на мобилен телефон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com