Најмалку 17 лица, меѓу кои и седум деца, загинаа кога автобус излета од патот и се преврте во река во Непал, соопштија светските агенции.
Автобусот преполн со патници, коишто се враќаа од еден фестивал, од засега непознати причини се излизгал од коловозот и се превртел во реката.
Бидејќи во Непал возачите собираат патници и надвор од автобуската станица, властите не знаат кој е точниот број на патници во автобусот во моментот на несреќата.
Возачот на автобусот е со тешки телесни повреди.