9 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

Автобус се преврте во познато туристичко место на Нов Зеланд, има и жртви

Најчитани вести

Неколку луѓе загинаа кога автобус се преврте во близина на популарната туристичка дестинација Роторуа на Нов Зеланд. Полицијата ја потврди веста за несреќата, но велат дека сè уште не може да ја потврдат точната бројка на загинати.

Се претпоставува дека во автобусот за време на несреќата се наоѓале повеќе од 20 лица.

Брзата помош била известена за сериозна несреќа во која учествувал автобус кај Натира, на 30 километри северно од Роторуа на северниот остров.

„Испративме пет хеликоптери, три амбулантни возила и иследник“, се вели во соопштението.

Три лица биле пренесени во болниците во регионот и три биле пренесени во болницата во Роторуа, а 15 пациенти биле пренесени во друго подрачје за дополнителна процена.

Се смета дека автобусот бил со туристи, но полицијата не успеа да ги потврди деталите за жртвите, пренесе ДПА.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести