24.8 C
Skopje
Tuesday, May 24, 2022

Автобус се заби во продавница во Лондон, повредени 19 луѓе меѓу кои и деца

Најчитани вести

Најмалку 19 луѓе се повредени откако автобус влетал во продавница во источниот дел на Лондон.

Повреден е и возачот, а пожарникарите со помош на специјална опрема морале да го ослободат од седиштето.

Портпаролот на лондонската брза помош изјави дека во болница се пренесени пет лица, двајца возрасни и три деца, пишува „Скај њуз“.

Автобусот утрово околу 8 часот и 20 минути на авенијата Селвин удрил во зградата во која се наоѓа електричната трафостаница. На местото на несреќата пристигнале возила на брза помош со цел што поскоро да им се укаже прва помош на повредените.

Училиштето Хајмс Парк објави дека некои од неговите ученици биле во автобусот во моментот на несреќата.

„ Сите повредени ученици добија лекарска помош. Контактиравме со родителите на сите повредени ученици. Соработуваме со итната помош и нашите вработени се на местото на несреќата. Ќе ги информираме родителите за развојот на настаните”, објави училиштето на Твитер.

Сопственикот на локалното кафуле кој помогнал во спасувањето на патниците изјавил дека меѓу повредените има и неколку ученици кои биле исплашени и плачеле.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com